Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утешна награда?!? Одобрени 56 милиони евра за реформите во Македонија

Утешна награда?!? Одобрени 56 милиони евра за реформите во Македонија
56 милиони евра Европската Комисија одобри за поддршка на реформите во Македонија што се клучни во пристапниот процес. Тука се влегуваат реформите во судскиот систем, економијата, земјоделскиот сектор и животната средина, а е поддршката е во рамки на двегодишната национална програма за инструментот за претпристапна помош (ИПА).
Како што изјави еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, овие фондови се создадени да помогнат во постигнувањето на реални промени преку натамошна модернизација на земјата и подобрувањето на животот на граѓаните. „Се надевам дека многумина ќе ги искористат новите можности, како што е учеството на земјата во програмата Еразмус", изјави Фуле. Инаку одлуката на Европската Комисија следува откако Европскиот Совет по четврти пат ја отфрли препораката за отворање на пристапните преговори со Македонија.
Слично

Поврзани вести