Економија, финансии, бизнис

Контакт

Усвоени седумте нацрт-амандмани од собраниската Комисија

Усвоени седумте нацрт-амандмани од собраниската Комисија
Седумте нацрт-амандмани на Уставот со 9 гласа за се усвоени од страна на собраниската Комисија. Имено, за измените гласаа само пратениците на владеачката партија, додека пратениците на опозицијата не учестуваат во работата на парламентот освен трите пратенички кои не го следат партискиот став а пратениците од ДПА пак ја напуштија салата. „Ние и понатаму остануваме на нашиот став дека е потребно да се отвори дебата за нови уставни измени во Република Македонија. Инаку, новите измени се однесуваат и на меѓуетнички односи. Свесни сме дека дел од уставните амандмани треба да се прецизираат, но тоа останува заедно со коалиционите партнери и со другите партии да ги усогласиме ставовите за да можат да се отворат и тие дебати. Ние ќе ги поддржиме овие предлог-измени бидејќи сметаме дека се во интерес на сите граѓани“, изјави Рафиз Халити од ДУИ. ДПА пак се изјасни против уставните измени со образложение дека тие не ги опфаќаат интересите на Албанците, како што е официјалното користење на албанскиот јазик, пропорционалната поделба на буџетот или адекватната и првична застапеност на Албанците. На седницата најмногу се говореше за првиот амандман со кој се предвидува брачната заедница да го прифаќа само бракот помеѓу еден маж и една жена.

Освен овој амандман се расправаше и за  измени во однос на Судскиот совет, менување на името на Народната банка, потоа Државниот завод за ревизија да прерасне во независен државен орган, формирање на посебна финансиска зона, ограничување на дефицитот и јавниот долг, додека последниот се однесува на надлежноста на Уставниот суд.

Во среда нацрт амандманите ќе бидат ставени на пленеарна седница пред пратениците на Собранието, со што ќе следи 30-дневна јавна дискусија, а целата постапка би требало да заврши до крајот на октомври.

Слично

Поврзани вести