Економија, финансии, бизнис

Контакт

Усвоени се измените на Изборниот законик

Усвоени се измените на Изборниот законик

Пратениците вечерва со 92 гласа „за“,  три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик.

Тие се поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Измените на Изборниот законик се во рамки на најновиот договор што четирите партии го постигнаа  пред два дена за излез од политичката криза.

Илија Димовски кажа дека законот е кус со три члена и треба да се усвои во интерес на времето.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, денеска на прес-конференција кажа дека во договорот од пред два дена се предвидени рокови и решенија за сите прашања, а  СДСМ ќе инсистира тие да се испочитуваат за да има избори во декември.

Независната пратеничка Солза Грчева рече дека договореното помеѓу политичките партии е фарса и дека бројката спорни гласачи во избирачкиот список е смешна. Вели дека решението е да се направи попис на населението, а не да се прочистува избирачкиот список.

Слично

Поврзани вести