Економија, финансии, бизнис

Контакт

Усвоена стратегијата за економски раст на Југоисточна Европа

Усвоена стратегијата за економски раст на Југоисточна Европа
Одборот на инвестиции во Југоисточна Европа (SEEIC) и Советот за регионална соработка (СРС), на состанокот што се одржа денеска во Сараево, ја усвои обновената програма за работа, насочена кон развој на регионалните стратегии за раст на Југоисточна Европа (ЈИЕ), 2020. Стратегијата Југоисточна Европа 2020 се залага за раст и развој во регионот и со неа до 2020 година, во овој региот треба да се зголеми БДП-то од 38% на 46% од просекот на земјите на ЕУ, вкупната вредност на регионалната трговија за 130%, како и да се намали трговскиот дефицит од 14,1% до 11,6% од регионалниот БДП. „Со спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2020 година, целиот регион, но уште поважно, секоја нејзинаа економија, ќе имаат подобрено бизнис опкружување, трговска политика и инвестициската политика, како и поефикасна влада и јавната администрација", изјави Јелица Миниќ, тим лидер на Советот за регионална соработка, за време на отворањето на состанокот. Таа најави дека СРС и во 2013-та ќе продолжат да гимобилизираат регионалните власти и организациите за да им помогнеат на министрите по економија за усвојување на стратегијата до крајот на годината. " Откако економските министри од Западен Балкан во ноември 2012-та го усвоија пакетот на регионални и национални цели, Секретаријатот на СРС започна цел сет активности околу едукација за изработка на  стратегија и акционен план до ноември2013 година. Стратегијата се базира на пет начела: интегрирана, паметен, одржлив и инклузивен раст и како и добро управување за постигнивање економски раст.
Слично

Поврзани вести