Економија, финансии, бизнис

Контакт

Усвоена прва мерка од новиот антикризен пакет: Се укинуваат царините за 71 суровина

Усвоена прва мерка од новиот антикризен пакет: Се укинуваат царините за 71 суровина

На денешната седница на Влада, на предлог на Министерството за економија, донесена е одлука за укинување на увозните давачки - царинските стапки за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија, соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Одлуката ќе биде во важност од 1. февруари и ќе важи една година, во која паралелно ќе се работело и на намалување и укинување на некои од царинските давачки и усогласување со европската регулатива.

„Ова е прва мерка од новиот Петти пакет економски мерки кои ќе ја рестартираат, закрепнат и ревитализираат домашната економија. Укинувањето на увозните давачки - царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали за преработувачката индустрија ќе влијаат на зголемувањето на производството како и зголемување конкурентноста и извозот на домашните производи. Финансиските импликации од оваа мерка, според Министерството за финансии се околу 7,1 милиони евра.

Државата е партнер на граѓаните и стопанството, напиша Битиќи на фејсбук


Од Владата информираат дека предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија.

Со оваа одлука компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија.
Слично

Поврзани вести