УСВОЕН ЗБИРНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ДИК: Набљудувачи велат невозможна е детална проверка до 5 јуни
Нема доволно време до 5 јуни да се прочисти Избирачкиот список, стои во извештајот на набљудѕвачот Џон Арон од Ифес.
Но и покрај тоа, на сиоќешната седница ДИК го усвои збирниот извештај за сите направени проверки.
Извештајот подготвен од меѓународниот експерт од ИФЕС стигнал до рацете на Алсат-М и според него од 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40.000 случаи, бидејќи граѓаните не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило друго лице.
Како што пишува уште Алсат-М лица кои биле пронајдени дома, само 34.000 покажале валидна лична карта или пасош, што покажува дека не можат да се обезбедат валидни информации за околу 12.000 имиња што се појавуваат на Избирачкиот список.
Експертот сугерира дека не е возможно да се проверат детално сите спорни записи во списокот.
Членовите на СДСМ не присуствувале на седницата, додека претседателот Чичаковски гласал против. За членовите на владеачката партија пак Избирачкиот список може да гарантира фер и кредибилни избори.
