Економија, финансии, бизнис

Контакт

Усвоен Законот за трансформација на работниот однос

Усвоен Законот за трансформација на работниот однос

На денешната собраниска седница комисијата за финансирање и буџет го разгледуваше и го усвои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација во редовен работен однос.

Имено, со измените на овој Закон  лицата кои се ангажирани во некоја државна институција за определен период, а на кои им прекинал договорот поради бременост или раѓање, ќе бидат вработени на неопределено време.

Според предлагачот Крсто Мукоски со предложените изменувања и дополувања се врши доуредување и се предвидува трансформирање во работен однос на неопределено работно време да се применува и за лицата кои имале прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање, а кои имаат важечки договори во моментот на трансформирање на работниот однос.

На овие лица ќе им се трансформира работниот однос доколку имале договори за ангажирање во институцијата за три последователни месеци што непосредно претходат на прекинот поради бременост и/или раѓање, а по завршување на прекинот повторно се ангажирани во институцијата со договор и го исполнуваат условот од став 2 на членот 2. По исклучок на одредбите од став 1 од овој член, трансформирање во работен однос на неопределено работно време ќе се применува и за лицата кои имаат прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање во моментот на трансформирање на работниот однос, а кои имале договори за ангажирање во институцијата за три последователни месеци што непосредно претходат на прекинот поради бременост и/или раѓање.

Со овие измени исто така се предвидува формирање на комисија која ќе издава потврда за условите и за времетраењето на периодот за прекин на договорот поради бременост и(или) раѓање. Комисијата ќе биде составена од членови од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување.

Слично

Поврзани вести