Економија, финансии, бизнис

Контакт

Усвоен новиот бизнис план на „Телеком Словеније“, се кратат трошоците

Усвоен новиот бизнис план на „Телеком Словеније“, се кратат трошоците

Надзорниот одбор на „Телеком Словеније“ на вчерашната сесија го одобри бизнис планот на Телеком Словеније за 2013 година, со предвидувања до 2017 година.

Како што стои во соопштението од оваа компанија, планот ја зема во предвид моменталната макроекономска состојба и економските предвидувања во Словенија и во регионот во кој „Телеком Словеније“ е активна преку нејзините подружници.  Планот исто така ги зема во предвид индустриските трендови, особено тенденциите во работењето на сегашните оператори, кои се борат со намалување на приходите од класичната телефонија, која ја заменуваат со нови услуги и бараат нови бизнис модели.

Како приоритетни задачи во реализацијата на новиот бизнис план се наведуваат стабилизацијата на приходите и нивниот иден пораст, како и намалувањето на трошоците.

Слично

Поврзани вести