Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСВОЕН ДЕКРЕТ: Најсиромашните Шпанци ќе добиваат по 462 евра месечно

УСВОЕН ДЕКРЕТ: Најсиромашните Шпанци ќе добиваат по 462 евра месечно

Шпанската влада ќе доделува по 462 евра помош месечно за најсиромашните граѓани.

Три милијарди евра годишно ќе бидат потрошени за оваа цел. 

Парите ќе ги добиваат граѓаните на возраст од 23 до 65 години чијашто имотна вредност не надминува 16.614 евра. Ова се смета без недвижнините и кредитите со намалени каматни стапки.

„Минималниот приход ќе се зголеми со бројот на членовите на семејството, до максимум 1.015 евра месечно, а програмата ќе вклучува и иницијативи за наоѓање на редовна работа“, изјави вицепремиерот Пабло Иглесијас.

Програмата треба да помогне околу 2,3 милиони граѓани. 

Шпанија досега има повеќе од 27.000 смртни случаи. 

На 23 мај Шпанците протестираа во Мадрид поради строгите рестриктивни мерки и бараа оставки. 

Италија, Шпанија и Велика Британија се земји кои се најтешко погодени на европско тло. 

Слично

Поврзани вести