Економија, финансии, бизнис

Контакт

Устенко: Украина ќе бара компензација од Русија за нанесените штети

Устенко: Украина ќе бара компензација од Русија за нанесените штети

Олег Устенко, економскиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, најави дека Украина ќе бара компензација од Русија за претрпените материјални и економски штети од инвазијата.

Штетата и загубите за Украина како резултат на руската агресија во двата месеци од војната, според Устенко, веќе изнесуваат околу еден трилион долари.

– Околу цифрата од еден трилион долари Украина треба да ги насочи своите напори за добивање компензација од Руската Федерација веднаш по завршувањето на војната, рече Устенко

Оваа бројка ја вклучува Во оваа бројка, според проценките, влегува уништената инфраструктура, домови и деловни објекти, како и загубите што произлегуваат од негативните финансиски и економски процеси за украинскиот бизнис.



Слично

Поврзани вести