Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставот треба да се менува, ама пратениците со различни мислења како

Уставот треба да се менува, ама пратениците со различни мислења како
Потребата да се менува Уставот денеска помина на матичната Комисија за уставни прашања, но пратениците покажаа огромни разлики околу начинот на кој тоа треба да се направи. Осумте уставни амандмани што ги предлага Владата утре за првпат ќе се најдат на пленарна седница. За да отпочне постапката за менување на највисокиот правен акт потребни се гласовите на 82 пратеници. ДПА веќе најави дека нема да ги поддржи измените, затоа што во нив нема ништо за албанските приоритети. „И овојпат албанските приоритети не се дел од уставните измени. Ги заборавите употребата на албанскиот јазик, знамето и пропорционалната распределба на Буџетот“, вели Имер Алиу од ДПА. Наспроти ова, амандманите најави дека ќе ги поддржи ДУИ. “Измените се за сите граѓани. Не се измени што се однесуваат само на една етничка заедница. Тие се според европските стандарди“, вели Рафиз Алити од ДУИ. Сепак, партијата на Ахмети не може да гарантира дека сите нејзини пратеници ќе ги поддржат амандманите, особено Хазби Лика, кој јавно веќе неколкупати се изјаснува против ваквите измени токму затоа што во нив не се опфатени албанските барања. Дека владејачкото мнозинство е во неизвесност да го обезбеди потребниот број пратеници на утрешното гласање покажа денешната дискусија на пратеникот Павле Трајанов, кој не се сложи со концептот на финансиски зони што се воведува со овие уставни амандмани, а резерви изрази и кон воведувањето на институтот „уставна жалба“. Тој смета дека финансиските зони може да станат рај за перење валкани пари од трговијата со дрога или од тероризам, затоа што државата во тие зони нема никакви инструменти да го контролира текот на парите. "Тоа може да биде од голема штета за Македонија и може да ги загрози нашите стратешки интереси да станеме членка на НАТО и на ЕУ", предупреди Трајанов. Наспроти ова пак, позитивно за најголемиот дел од измените на денешната комисиска расправа се изјаснила единствената опозициска пратеничка Роза Топузова-Каревска, па власта смета на нејзиниот глас на утрешното гласање. Меѓу поважните уставни измени, Владата предлага определување на бракот како заедница на еден маж и една жена, прецизирање на фискалните правила за буџетот, воведување на институтот уставна жалба, како и промена на составот на судскиот совет и на неговите надлежности.
Слично

Поврзани вести