Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставноста на екстерното тестирање ќе се разгледува на суд

Уставноста на екстерното тестирање ќе се разгледува на суд
На иницијатив на околу 1000 наставници од Наставничкиот пленум, екстерното терстирање ќе биде разгледувано од Уставен суд. Тие велат дека иницијативата е покрената поради низа нелогичности што ги има во спроведувањето на екстерното тестирање. Една од нив е впишувањето единица од тестот во сведителството, казните за наставниците и начинот на кој се спроведува тестирањето. За наставниците е нелогично како може со еден тест да се оцени знаењето на ученикот во текот на целата година. Тие бараат Уставниот суд да донесе времена мерка со која ќе се стопира примената на екстерното тестирање. Инаку, Владата во неколку наврати спомена дека не се откажува од екстерното тестирање. Премиерот Никола Груевски на пример, на последниот  празничен говор рече дека во странство децата ги ,,растурале” од тестирање, а кај нас се бунеле, протестирале и формирале ,,партиски пленуми”.
Слично

Поврзани вести