Уставните судии ја тргнаа од дневен ред точката за крстот во Бутел
Уставните судии денеска гласаа од дневен ред да ја тргнат точката за разгледување на Иницијативата за уставноста на одлуката за поставувањето крст во општина Бутел.
Оваа точка ќе се разгледува на следната седница. Иницијативата до Уставен суд во месец март годинава ја поднесе градоначалникот на Струга, Зијадин Села кој смета дека одлуката за поставување крст не била по Бадентеровиот принцип. Точката беше ставена на дневен ред на седница на Уставниот суд на 31 мај, но потоа беше тргната од дневниот ред.
Поставувањето на крстот во населбата Бутел предизвика меѓуетнички тензии, затоа што ДУИ беше против.
Активисти на партијата поставија камп на местото каде требаше да се гради крстот, откако предходно беа осветени темелите. ДУИ се повлече од кампот, но крстот не продолжи да се гради иако одлуката за неговото постапување уште е на сила.
Средства за изградба на крстот донираше Светскиот македонски конгрес. Крстот треба да биде висок 55 метри. Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров беше претепен пред неколку месеци. По поставувањето на оградата на местото каде што требаше да стои крстот, беше урната на протестите од локалното население.
