Уставните амандмани поминаа на Комисија за уставни прашања
Собранието на Република Македонија на 20 јануари ќе треба да се изјасни по однос на осумте амандмани на Уставот откако денес пред пратениците се најдоа финалните предлози и истите беа поддржани.
На дебатата за дефинирањето на бракот ислкучиво како заедница меѓу еден маж и една жена, како и за правата што ќе призлегуваат од него и од вонбрачната заедница за кои предвидено е да се уредуваат со закон којшто се носи со двотретинско мнозинство, елаборираше заменик- министерката за правда Биљана Бришкоска- Бошкоски.
„За ваквото редефинирање се земени предвид меѓународните стандарди во оваа област, односно одлуките на Европскиот суд за човекови права, односно Венецијанската комисија“, изјави таа
ДПА најави дека ќе гласа против сите уставни амандмани бидејќи според нив тоа не е приоритет во државата.
„ Како хомосексуалците да чекаат ред за да склучат брак! Редици има, но во нив стојат невработените, социјалните случаи, луѓе со различни проблеми, а и албанците, кои се дискриминирани “, истакна Имер Алиу, ДПА.
„Длабоко сум уверен дека над 95% од граѓаните во РМ го делат ставот кој стои како уставен амандман“, смета Ромео Тренев, ВМРО-ДПМНЕ.
Со закон ќе се уредува и организацијата и работењето на меѓународните финансиски зони, а во Уставот само ќе се овозможи нивно основање. Пратениците сметаат дека е добро што се задржува суштината, зашто тоа ќе го зголеми економскиот раст и вработеноста.
„Мора да понудиме конкурентна, добро образована, мотивирана и чесна работна сила, која ќе биде поконкурентна од сличните во Лихтенштајн, Швајцарија, Даблин или Лондон. Второ, треба да понудиме пониски трошоци, односно помали даноци од оние во сличните зони“, изјави Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ.
Слично
