Уставниот суд во Словенија пресуди во корист на тие што не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19
Уставниот суд на Словенија ја прогласи за неуставна одлуката на словенечката влада за задолжителна имунизација против Ковид-19 која требаше да стапи на сила изминатиот период но беше суспендирана од оваа судска инстанца се до донесувањето на одлуката.
Одлуката налагаше во службените простории на државната администрација да можат да работат само вакцинирани лица и оние кои се заразиле со ковид-19 и на тој начин стекнале имунитет.
На одлуката на Владата на Јанез Јанша донесена во септември реагираа и синдикатите, кои веднаш побараа од Уставниот суд да ја провери уставноста.
Уставните судии навеле дека таканаречениот „ПЦ услов“ за доаѓање на работа, што „значи само вакцинирани и болни“, всушност е еднаков на воведување задолжителна вакцинација за вработените и дека такво нешто не може да биде пропишано со подзаконски акти или владини одлуки.
