Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за одложено распуштање на Собранието
Уставниот суд ја отфрли Иницијативата, поднесена од пратеникот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов и од претседателот на Светскиот македонски конгрес, за оценување на уставноста на Одлуката на Собранието на Република Македонија да се самораспушти со одложено дејство.
Како што пренесе Телма на расправата на уставниот суд по оваа иницијатвива судијата Наташа Габер која е подготвувач на извештајот рекла дека ваквата одлука на Собранието е преседан и Собранието не смее да носи одлуки.
Според Габер-Дамјановска, самата Одлука за самораспуштање со одложено дејство е преседан што за прв пат се среќава во земјава, особено што и во претходни изборни циклуси сме имале предвремени парламентарни избори, а Собранието се распуштало во истиот ден кога претседателот на Собранието ги распишувал изборите.
