Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставниот суд ќе „пресече“ дали одложеното распуштање на Собранието е противуставно

Уставниот суд ќе „пресече“ дали одложеното распуштање на Собранието е противуставно

Уставниот суд  денеска треба да донесе конечна одлука дали одложеното распуштање на Собранието е противуставно или не.

Откако минатата недела Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, денеска се очекува да ја донесе конечната одлука. Минатата недела уставните судии едногласно донесоа одлука Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија од 18 јануари и на Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари.

Судот изрече привремена мерка, односно донесе Решение за запирање од извршување на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Одлуката за распуштање на Собранието.

Како што појаснија од Судот, ова значи дека треба да се запрат актите и дејствијата што произлегуваат од овие одлуки.

Слично

Поврзани вести