Уставниот суд ја решава слободата на осудениците за изборни измами
Дали претседателот ќе можи да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, се разгледува како предлог на денешната седница на Уставниот суд.
Сегашниот закон предвидува претседателот да не може да амнестира лица кои се осудени за кривични дела против изборите.
Судијата известител, според извори на Телма, добил барање да се стави на дневен ред на денешната седница предлогот за измена на Законот кој во 2009-та го потпиша тогашниот претседател Бранко Црвенковски, а во кој се наведува дека претседателот нема повеќе да има надлежност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.
Ова следува откако Специјалното обвинителство го отвори случајот „Титаник“ во кој за изборни нерегуларности и злосторничко здружување главни осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески.
