Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставниот суд деновиве ќе ја утврди уставноста на СЈО

Уставниот суд деновиве ќе ја утврди уставноста на СЈО

По осум месеци од поднесувањето на иницијативата за уставноста на СЈО,  Уставниот  суд реши да се произјасни за предметот, пренесува Телма.

Тој е веќе доделен кај судија известител, а можно е да се најде на дневен ред на седницата закажана за в среда. Од СЈО сметаат дека нема основа Законот да се прогласи за неуставен.

Произнесување на Уставниот суд за Законот за СЈО е едно од клучните барања на кое инсистира „Шарената револуција“ и опозицијата. „Шарената револуција“ ќе чека до 18-ти јуни Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО. Ако тоа не се случи кажаа дека  ќе ја земат правдата во свои раце и на свој начин.

Од СДСМ го повикаа Уставниот суд да престане да ги држи во заложништво судството и владеењето на правото и велат дека само на тој начин Договорот од Пржино може да преживее.

Слично

Поврзани вести