Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Практицирање на моќта, рекомпонирање на државата, или сè во едно?

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Практицирање на моќта, рекомпонирање на државата, или сè во едно?
Пакетот на предлогот за уставните измени е во финална собраниска процедура, пред гласање. Пратениците ќе ги гласаат уставните измени, заедно со предлозите на Владата за тоа кога ќе стапат на сила и кои се закони ќе треба да се менуваат по усвојувањето на уставните измени. Тие се носат во неизвесен политички амбиент, во кој македонскиот опозициски блок е надвор од Парламентот, а албанската опозиција најави дека нема да ги поддржи. За време на расправата во собраниските комисии не беше поднесен ниту еден амандман во однос на предложените уставни измени. Што содржи финалната верзија на уставните измени ... Уставните измени влегоа во финална фаза со серија на забелешки од страна на академската, професорската јавност, невладините здруженија и организациите за заштита на човековите права. Најголеми реакции предизвикаа уставните измени за дефинирање на бракот, за формирање на слободни финансиски зони, за ограничувања на јавниот долг и уставните измени во делот на судството. Еве дел од забелешките: Уставни измени за дефинирање на брак.. Една од клучните забелешки на експертите по уставно прово и на организациите за заштита на човековите права е зошто оваа материја се уредува со Устав, кога и сега Законот за семејството даваше доволна уставно-правна заштита на бракот, родителите, децата и семејството. Еден дел од дискутантите беа застапници на мислењето дека сегашното решение доволно ја уредува материјата и не е потребна уставна, туку законска интервенција. Семејството да се дефинира како основна клетка на општеството, а потоа со закон да се дадат бенефиции за тие што ќе основаат семејство. Следната клучна забелешка се однесуваше на тоа дека со уставното утврдување на семејството, како што е предложено од креторот, ќе с еповредат неколку уставни и меѓународно загарнтирани права и слободи на граѓаните, особено на правата на приватност, семеен живот и заштита од дискриминација. „Уставното дефинирање на бракот е несоодветно во македонски прилики, бидејќи ова е типична законска материја која веќе е уредена со Законот за семејство кој, по својот правен третман, всушност е еден вид на законик т.е. кодификација на целокупното семејно право во РМ.“, оцени на една од јавните расправи аналитичарот Димитар Апасиев.  Уставни измени за финансиски зони..  Најжестоките реакции се однесуваа токму на уставното регулирање на слободните финансиски зони. Универзитетските професори по уставно право оценија дека категоријата меѓународна финансиска зона не е уставна материја, односно во компаративното уставно право не постои таков пример. Сериозни забелешки упатија економистите најпрово во делот на тоа дека ќе се формираат посебни територијални зони во кои нема да ваќи истата регулатива, со што практично се создава можност за формирање на “држава во држава“. За разлика од првичниот предлог за уставните измени, Владата во конечната врезија остана на ставот дека со устав се овозможува формирање на слободни финанасиски зони, но нивното работење ќе се регулира дополнително со закон. “Сепак, најголем рикверц Владата покажа кога е во прашање меѓународната финансиска зона. Од нацрт-амандманот не остана речиси ништо, од структурна форма. Остана само првиот став кој предвидува дека на територијата на Република Македонија со закон може да се основа меѓународна финансиска зона. Во предлогот, овој став е развиен со нова формулација што содржи две новини. Прво, меѓународна финансиска зона од еднина станува множина и, второ, организацијата и работењето на зоните се уредуваат со обичен закон што може да се донесе и по скратена постапка.“, оценува универзитетскиот прфоесор Светомир Шкариќ во колумна за “Фокус“. Други амандмани, судство и Банка на Р.М ..  Според предлог верзијата за уставните измени, која е на конечно усвојување во Собранието, речси си да нема промена кај другите амандмански предлози. И покрај оценката на Европската комисија дека се нејсни мотивите за амандманот запреименување на Народната Банка во Банката на РМ, прелагачот не отстапи од првичното решение. Ист е и амандманот за Државниот завод за ревизија, освен што со законот треба да се утврди и мандатот на државниот ревизор, што беше на барање на МАНУ. Без промени е и амандманот со кој се зголемува бројот на судиите во Судскиот совет на Република Македонија. Кај амандманот со кој се предвидува уставно ограничување на висината на јавниот долг, предлогот останува непроменет, освен што новите уставни ограничувања ќе се применуваат од моментот на влегувањето во сила на уставните амандмани, а не од  1 јануари 2017 година, како што првично беше предложено. Кој ќе биде “против“ а кој “за“ ... Уставните измени се носат со отсуство на опозициајта од парламентот, но сепак со обезбедно двотретинско мнозинство за нивно изгласување. Иако академската јавнст, дел од политичарите и аналитичарите апелираа дека овие уствани измени се носат во неизвесен политички амбиент, без широ поддршка од целата јавност, предлагачот, Владата сепак го турка процесот што го почна во 2014 та година. Она што е познато е дека Уставните измени нема да добијат поддршка од опозициската ДПА која ставот го соопшти на Комисијата за уставни прашања. Пратеникот Имер Алиу соопшти дека пратеничката група на ДПА не ги поддржува предложените амандмани со образложение дека во моментот тие не се приоритет за државата. “Овие измени на Уставот не одговараат на реалните проблеми на граѓаните и не ги надминуваат конкретните проблеми и негативни појави кои се присутни во државата, а посебно не одговараат на потребата од решавање на значајни прашања за граѓаните Албанци во Република Македонија, особено во поглед на нивниот статус и вработување.“ - изјави пратеникот Алиу според кого се потребни измени на Уставот, но во насока на прецизно дефинирање на прашањата за службената употреба на албанскиот јазик, употребата на националните симболи на Албанците, нивната правична застапеност во државните органи и во другите институции, како и правилната и пропорционална распределба на Буџетот. Од коалициските партнери во власта, пратеникот Павле Трајанов ќе даде поддршка за уставните измени, но смета дека дел од нив треба да се дефинираат со закон, како амандманот за дефинитање на бракот. За пратеникот Трајанов прифлаиви се и уставните измени за формирање на слободни економски зони. “Владата ги прифати сугестиите што во фазата на нацртот по овој амандман беа дадени во јавната дискусија, дискусијата во Собранието и мислењето на Венецијанската комисија. Со содржината на предложениот амандман се надминати дилемите кои беа присутни во однос на основањето финансиски зони, а особено за позитивно го смета решението на овие зони да се применува домашното законодавство“, смета Трајанов. На комисиските расправи немаше амандмани за речси си сите уставните измени, за брак, формирање на финансиски зони , преименување на Народната Банка, ограничувањето на јавниот долг, измените за Судскиот совет, воведувањето на уставната тужба како правен институт и редефинирање на надлежноста на Уставниот суд. За да се спроведат уставните измени, според предлагачот терба да се изменат постоечките или да се срочат нови закони: Закон за меѓународнитe финансиски зони, законот за Банката на Република Македонија, законот за Уставниот суд на Република Македонија, законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија и законот за изменување и дополнување на Советот на јавни обвинители на Република Македонија. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести