Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: ќе влезе ли нечист капитал во земјава?

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: ќе влезе ли нечист капитал во земјава?
Не постои закон или устав кој може да ја ограничи државата во прекумерно задолжување, а формирањето на финансиските зони ќе донесе нечист капитал во земјата, ова се дел од забелешките на економистите во врска со Уставните измени кои ја засегаат економијата. Според експертите најконтроверзен е амнадманот со кој се предлага формирање на меѓународна финансиска зона. На вчерашната дебата за Уставните измени организирана од неколку невладини организации, дел од економистите кои присуствуваа беа едногласни дека ваквата финансиска зона даночен рај и можност за влез на нечист капитал. Експертите укажаа дека објаснувањта во амандманот се штури и нејасни.
- Финансиската зона го повредува принципот на конкурентност, со повластените услови, учесниците на пзарот не се еднакви. Таквите зони овозможуваат влез на нечист капитал стекнат со кршење на меѓународното право. Нема образложение како ќе ќе се формира, што ќе биде таа зона, кои ќе бидат ефектите. Предлагачот е свесен за материјата и етапно ни ја готви манџата. Ова е отстапување на територија на странци од што нема да има полза. Се формира некој квази држава која ако не граничи со други земји од сите страни ќе се граничи со Македонија. Кон каков концепт се приклучува Македонија со овие слободни зони?И се става на располагање на меѓународната олигархија. Тој свет, или поточно пробисвет, според некои проценки, крие по даночните раеви актива од 10% од БДП на светот, што претставува околу 100 трилиони долари. Македонија нема да се збогати на овој начин ,туку ќе биде само измеќар. Не може да се гради репутацијата со Субрата рој, Кондоминас и газда Нини. Со ова Македонија се определува против демократкста финансиска одговорност. Нема прифатливо образложение за намерата да  формираме држава во држава и, преку некакви даночни раеви да се конфронтираме со основните вредности во светот. Ова е матрицата на оваа влада, имало или не дебати тие ќе ги донесат измените. Треба да има повеќе дебати за да се промени свеста кај граѓаните, изјави поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев.
Според универзитетскиот професор Светомир Шкариќ,  формирањето на оваа финансиска зона, Македонија   ќе биде најголема пречка на Македонија за членство во Европската Унија.
- Овој амандман има разорно дејство врз македонскиот државен идентитет, вклучувајќи ги и придобивките од АСНОМ, како и врз целокупниот правосуден систем и ќе биде најголемата пречка за зачленување во ЕУ. Амандманот е во спротивност со европското примарно право. Како јадро на европското право кое се применува врз целата територија на државите членки , ова право не признава зони во државите членки во коие се применува и не признава никакви исклучоци, вели професорот Шкариќ.
Академик Абдулменаф Беџети смета дека овој амандман е тотално нејасен и дека нитуедна сериозна европска земја не содава даночен рај.
- Нема образложение  како ќе се формира и кое ќе бидат ефектите. Надлежните имаат некакви објаснувања, гувернерот Богов рече дека нема да има негативни репркусии на домашниот пазар, значи или тој не знае или не сака да каже. Ниту една сериозна држава воевропската унија нема создадено ваков даночен рај, што ќе биде пералница на нечист капитал. Немаме компаративна основа, вели академик Беџети.
Според дел од експертите причините за формирањето на финансиската зони се повеќе политички отколку економски.
- Уставните измени се објавија по изборите и во момент кога опозицијата е надвор од Собранието и кога има афера со Македонска банка. Идејата за финансиски зони е стара уште од времето на Љубчо Ѓорѓиевски, тогаш беше цела територија да функционира како зона, како Кипар. Оваа измена е само влегување во играта во кумско-фамилијарно-партиската олигархија која сега има проблем каде да ги сокрие парите и тука наоѓа засолниште. Веќе е одредено земјиштето, најверојатно Мариово и се знаат инвеститорите, а за Македонија нема да донесе ништо добро, рече економскиот аналитичар Кире Наумов.
Ј.С.
 
Слично

Поврзани вести