Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен во вторник нема да ја разгледува уставноста на СЈО

Уставен во вторник нема да ја разгледува уставноста на СЈО

Уставниот суд на следната седница закажана за вo вторник нема да ја разгледува иницијативата за испитување на уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство.

Од опозицијата и „Шарената револуција“ побараа судот итно да се изјасни по ова прашање. Одговор за уставноста на СЈО ќе чекаат до 18 јуни.

Од судот нема одговор зошто иницијативата што ја поднесе Тодор Петров не е ставена на дневен ред ниту, пак, има објаснување кога евентуално би била разгледувана.

Судот може да  ја прифати иницијативата и да одлучи дека законот со кој се формира Специјалното обвинителство  е спротивен на Уставот и да го поништи или укине, што би повлекло и укинување на СЈО.

Дневниот ред го прави претседателката на судот, Елена Гошева.

Слично

Поврзани вести