Уставен суд „му даде дозвола“ на Етеми да гради
Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДУП И10 во Општина Аеродром, односно во суштина му даде зелено светло на инвеститорот Фатмир етеми да ја гради спорната деветокатница во Јане Сандански.
Постапката за донесување на ДУП, според Уставен, била спроведена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Уставните судии укажа дека тие ја ценат постапката, а не содржината на планови или нивна усогласеност со други планови. Од апект на Судот, ДУП И10 е согласно закон и Устав.
Претставката до Уставен за ДУП-от ја поднеле 12 физички и правни лица во 2017 година.
ДУП И10 во Општина Аеродром ја опфаќа локацијата кај Мајчин дом каде што треба да се гради деветкатна станбена зграда, на што реагираа локалните жители кои организираа и протести. По реакциите на јавноста, Општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи.
