Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен суд иницира постапка дали е законско линеарното покачување на пензиите

Уставен суд иницира постапка дали е законско линеарното покачување на пензиите

Уставните судии иницираа постапка за линераното покачување на пензиите во Македонија, наместо процентуално покачување, со последната измена на Законот за пензиското и инвалидското осигурување донесена во јули месец.

„Станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување), односно со оспорениот член 2 правото на редовно месечно усогласување на пензиите пресметките направени врз основ на порастот на плати и трошоци на живот се заменети со линеарна распределба на вкупниот износ на средства за сите пензионери подеднакво, без оглед на стекнатата и остварената висина на пензијата, стажот и уплатениот придонес“, вели Уставниот суд.

Уставен суд смета дека оспорениот член 2 ги нарушува уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните како и правната сигурност и легитимните очекувања како правни принципи. 
„Имено, се постави прашањето дали оспорената одредба продуцира дискриминација по основ на износот на пензија и нееднаквост помеѓу примателите на пензии, односно оние пензионери кои имале подолг работен стаж, повисоки уплати во пензискиот систем и повисока основица, добиваат помало зголемување на пензиите, наспроти пензионерите со пониските пензии“, укажува Уставен суд.

Со поведувањето на постапка за оценување на уставноста на оспорениот член, Уставниот суд ќе испитува дали законското решение е оправдано и во доволна мера избалансирано.



Слично

Поврзани вести