Уставен сепак нема да ја разгледува иницијативата за СЈО
Уставниот суд утре нема да ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство.
Од судот велат дека не е планирано да има додавање нови предлози на дневниот ред кој е утврден претходната недела. Иницијативата за оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство е распределена за работа кај судија известител, но кога ќе биде ставена на дневен ред е неизвесно. Евентуално оваа иницијатива в четврток може да се очекува да биде ставена на дневен ред. Со тоа иницијативата за уставноста на СЈО би се разгледувала дури следната среда. Уставниот суд одржува седници секоја среда. „Шарената револуција“ даде рок до 18 јуни Уставен суд да се произнесе за уставноста на СЈО.
