Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен одлучи: Новинарите избркани од Собрание заради нивна безбедност

Уставен одлучи: Новинарите избркани од Собрание заради нивна безбедност
Отстранувањето на новинарите од собраниската галерија во дебатата за Буџетот на 24 декември 2012 година била заради нивна лична заштита, констатираше Уставниот суд, кој го одби барањето за заштита на граѓанските права и слободи поднесено од Здружението на новинари на Македонија. Судот проценил дека „физичкото отстранување на новинарите од галеријата настанало поради конкретна ситуација на ескалација на хаос и безредие, а целта била да се заштитат новинарите и да се обезбеди ред во салата“. Истовремено, барањето е одбиено и од процедурални причини, бидејќи заштита на правата и слободите можела да бара само индивидуа, а не здружение. Според претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани, правната битка тука не завршува, а новинарите ќе поднесат претставка и до Судот за човекови права во Стразбур. За време на дебатата за Буџетот за 2013-та година, која ескалираше во собраниски инциденти, новинарите беа насила отстранети од галеријата на Собранието.
Слично

Поврзани вести