Уставен на идната седница нема да ја разгледува уставноста на СЈО
Уставниот суд на следната седница в среда нема да расправа за иницијативaта за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
На дневниот ред кој го објави Уставниот суд се најдоа неколку други иницијативи, вклучувајќи ги оние за Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за изменување и дполнување на Законот за лекови и медицински помагала, како правилата за снабдување со топлинска енергија, но ја нема иницијативата за уставноста на СЈО.
„Шарената револуција“ му даде рок на Уставниот суд до 18 да се изјасни за уставноста на СЈО. Во меѓувреме, „Шарената револуција“ одбројува уште два дена до поставениот ултиматум.
Ако тоа не се случи, демонстрантите од „Шарената револуција“ најавија дека правдата ќе ја земат во свои раце.
