Уставен ќе расправа за распуштањето на Собранието и аболицијата
Уставниот суд денеска ќе расправа за две иницијативи, едната е на претставник на ДУИ, а другата на граѓанин.
Едната иницијатива е на Талат Џафери од ДУИ кој побара да се прогласи неуставна одлуката за распуштање на Парламентот. Тоа би отворило пат за негово свикување и одложување на изборите. Втората иницијатива е од граѓанин на Скопје, Миливој Мицовски кој бара поништување на аболицијата од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Слично
