Економија, финансии, бизнис

Контакт

Устав на распродажба?!

Устав на распродажба?!
Во исчекување на одлуката на Уставниот суд за иницијативата за измени на Законот за помилување, во јавноста реакциите не стивнуваат. Денеска невладините организации повотрно ќе протестираат пред Уставниот. Од платформата за граѓанска политика „Ајде” кои се иницијатори на граѓанските протести против одлуката на Уставниот суд, сметаат дека уставните судии кои ја изгласаа оваа одлука ги згазија и Уставот и правото и правдата. -Нивната постапка покажува дека тие ниту го штитат Уставот, ниту пак, јавниот интерес. Тие се само продолжена рака на партијата на власт и соучесници во изборните кражби, затоа што, причинско-последичната врска меѓу нивната одлука и случајот „Титаник“ кој го води Специјалното јавното обвнителство е повеќе од очигледна. За нас е неприфатливо да бидат амнестирани изборните кражби, исто како, и можноста да бидат помилувани педофили. Заради сето ова, бараме судиите: Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојановски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски,  веднаш да си поднесат неотповиклива  оставка. Назадоволството и револтот кај граѓаните очигледно стануваат сѐ поголеми и затоа очекуваме протестите да траат се додека судиите не поднесат оставка и се додека оваа скандалозна одлука не биде повлечена. Во Македонија мора да има правда, почитување на законите и пред сѐ, почитување на Уставот!, вели Билјана Бејкова, од граѓанска платформа „Ајде”. За иницијативата реагираа организациите за заштита на децата Ако Уставниот Суд ја прифати иницијативата за измени на законот, во тој случај Претседателот на државата освен лица за изборни измами, ќе може да помилува и дилери на дрога и педофили. Токму за педофилите остро реагираа од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Оттаму велат дека е недозволиво помилување на педофили и порачуваат Уставниот суд да ја преиспита иницијативата, затоа што доколку се случи да се помилува педофил, сите надлежни ќе бидат соучесници. -Како организација за заштита на правата на децата не можеме да разберемe овој предлог за најтешко кривично дело сексуална злоупотреба на дете под 14 години, односно педофилија дека може да биде ставен на дневен ред, да може Собрание или Претседател на држава да ги помилува овие злосторници. И после нашата тешката борба за Закон за построго казнување на педофилите што во 2014 година Собранието го изгласа со можна медицинска кастрација на педофилите, сега сме збунети и со неверување ја следиме состојбата. Доколку ова се случи во пракса, тогаш ќе се смета за соучесништво, затоа што педофилите во најголем број односно во 75 % случаите го повторуваат делото и на тој начин изложуваат на опасност следно дете да биде жртва. Мораме да посетиме дека ова е сериозна работа и дека треба Уставниуот суд да се преиспита околу оваа одлука затоа што е недозволиво правата на детото и неговата сигурност бидат доведени во опасност. Судиите во Уставниот суд треба да ја преиспитаат одлуката, да тргнат со сопствениот морален и етички  дигнитет и секогаш да имаат на ум дека секогаш може дете да биде жртва и некој потесен член од нивното семејство и дека треба секогаш да бидат  правични во најстрого казнување на педофилите, вели директорот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”. За експертите одлуките на Уставниот суд се партизирани И додека Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов сеуште нема коментар за одлуката на Уставниот суд, дел од експертите укажуваат дека однесувањето на Уставниот веќе подолго време е партизирано и поврзано со владејачката гарнитура. -Ни на крај памет не ми паѓаше дека Уставниот суд ќе падне толку ниско и  ќе донесе одлука за поднесување на иницијатива за изменување и дополнување на Законот за помилување со која ќе му се даде можност на Претседателот на Републиката да помилува обивинети за најтешки кривични дела на изборен криминал. Уставниот суд кој што треба да биде тврдина на уставноста и законитоста, во функција на заштита на суверенитетот на граѓаните, застана против граѓаните. Било кој друг орган на власта да донесеше одлука за таква иницијатива, немаше да ми биде чудно. Но, Уставниот суд да донесе таква одлука, тоа е надвор од секое разбирање на уставноста и законитоста, на справедливоста и правдата. Тоа е екстремна неправда. Неправдата во Македонија очигледно го достигна дното, напиша на својот фејсбук профил универзитетскиот професор Темелко Ристески. Според универзитетскиот професор Мирјана Малеска, во овој случаj уставните судии работат проив граѓаните. -Какво ли образование добиле судиите од Уставниот суд, кога не разбрале дека суштината на судската контрола, што ја вршат уставните судови е да се ограничи власта со уставни средства,дека уставните судови ја контролираат уставноста на законите, особено оние кои ги засегаат фундаменталните права на граѓаните, вкучувајки го избирачкото право. Во случајов работат против правата на граѓаните тие што треба да ги заштитуваат!Дека политичката демократија е меч со две острици и на власт може да дојде некој узурпатор и мајка да ни расплаче. Судската контрола од страна на Уставните судови треба да се јави како брана на таква узурпација и злоупотреба а не да се здружи со извршната власт протиб граѓаните. Истава партија на власт го одзема правото на амнестија за изборни измами на тогашниот претседател на државата а сега повторно истата власт сака да го врати на сегашниот претседател! Па тоа е чисто самоволие, нема принцип, нема ништо, вели Малеска. Експертите сметаат дека поднесувањето на иницијативата до Уставниот суд доаѓа во чувствителен период, односно по отворањето на случајот „Титаник" од страна на Специјалното јавно обвинителство, во кој за злосторничко здружување и изборни манипулации се осомничени високи функционери на власта, меѓу кои и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Инаку Уставниот суд минатата недела со 5 гласа „за“ и 4 „против“, донесе одлука за преиспитување на уставноста на Законот од 2009 година кој забранува Претседателот да амнестира осуденици за изборен криминал, педофилија и други тешки дела. Засега Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов не ја коментира одлуката на Уставниот суд, а од неговиот кабинетот  за телевизијата 24 Вести наведоа дека досега претседателот не коментирал уставни одлуки. Т.С
Слично

Поврзани вести