Успешно ја заобиколија Русија: Пристигнаа првите капки гас
Како што потврди украинската државна енергетска компанија „Нафтогас“, Украина денеска за прв пат доби гас од Азербејџан преку Трансбалканскиот коридор.
Трансбалканскиот коридор ги поврзува Бугарија, Романија и Украина, заобиколувајќи ја Русија. Тој претставува алтернативна насока на транспорт на гас што ѝ овозможува на Украина да ги диверзифицира своите извори на снабдување по прекинувањето на соработката со рускиот Газпром и оштетувањето на енергетската инфраструктура за време на војната.
„За прв пат се спроведува пробна испорака на гас преку Трансбалканската рута, по коридорот Бугарија-Романија-Украина“, се вели во соопштението на Нафтогас.
Украинската компанија обезбеди испораки на гас според договор со азербејџанската државна компанија СОКАР.
Обемот на испорака не е прецизиран. Компанијата истакнува дека станува збор за помала количина, но стратешки значаен потег, објави Ројтерс.
„Ова е мала количина, но стратешки важен чекор што отвора простор за долгорочна соработка“, рече извршниот директор на Нафтогас, Серхиј Корецки.
Русија е под санкции поради војната во Украина.foto freepik.com
