Економија, финансии, бизнис

Контакт

Успешна хумана приказна

Успешна хумана приказна

На иницијатива на група хумани граѓани, денес Центарот за ортотика и протетика Славеј му подари спортска инвалидска количка на Александар Велески кој боледува од церебрална парализа.

alek4Истата му е неопходна за задоволување на основните потреби како и за подготовките за параолимписките квалификациони натпревари кои ќе се одржуваат во Охрид во текот на месец мај.

И покрај сите тешкотии со кои се соочува, Александар го следи својот сон и секојдневно напорно се подготвува.

Заедно со семејството, негова огромна поддршка е и кучето Бен кое го придружува во секојднените тренинзи покрај кејот на Вардар, па кога Александар ќе се умори, Бен е тој што ја влече количката.

alek2Александар досега немаше можност за нова количка, но солидарноста  на неговите сограѓани и хуманоста на Славеј се покажа на дело. Затоа два дена по иницијативата Александар има можност да продолжи со остварувањето на својот сон – да стане дел од Македонскиот тим на параолимписките игри.

Семејството изрази огромна благодарност до сите кои ја споделија и поддржаа оваа иницијатива особено до Центарот за ортотика и протетика Славеј кој веќе години наназад го подржува Александар во борбата за нормално функционирање и живеење.

Слично

Поврзани вести