Економија, финансии, бизнис

Контакт

Успешна акција или пирова разврска: Прес конференција на МВР во 22 30!

Успешна акција или пирова разврска: Прес конференција на МВР во 22 30!
МВР најави прес конференција во 22 30 часот на која најверојатно ќе се обрати Министерката Јанкуловска. Јавноста речиси цел ден чека одговори на неколку клучни прашања, за кои се надеваме дека ќе известиме по прес конференцијата: - Дали со оглед на човечките загуби, МВР не успеа да спроведе професионална акција, во која евентуалните жртви ќе беа сведени на минимум? - Дали е можно, како што тврдат одредени експерти, акцијата да била пробиена од кртови во самото МВР, па полицајците отидоа во акција како „глинени гулаби“? - Дали во акцијата има и цивилни жртви? - Колку луѓе се уапсени во акцијата, и дали се уапсени водачите на терористичката група? - Кој дозволи оваа група од повеќе десетици луѓе да влезе во Македонија, и да узурпира цела една населба? - Кој е инспиратор на групата и што е целта на таа криминална банда, со оглед на тоа што очигледно нема поддршка од ниедна Влада во соседството? - Дали МВР има сознанија за организација на слични инциденти од страна на слични групи и што се прави за да не се случи денешното погубно сценарио?      
Слично

Поврзани вести