Економија, финансии, бизнис

Контакт

Успешна 2013 за Алкалоид – раст на добивката и нови вработувања

Успешна 2013 за Алкалоид – раст на добивката и нови вработувања
Фармацевтската индустрија „Алкалоид“ ја заврши 2013 година со раст на нето добивката за 3% во однос на претходната 2012 година. Во годината што измина „Алкалоид“ оствари консолидирана нето добивка од 600.426.000 денари (или околу 9,7 милиони евра), што претставува подобар резултат од 583.730.000 денари остварени во 2012 година. Според неревидираниот финансиски извештај, што компанијата го достави до Македонската берза, компанијата бележи раст на консолидираната продажба на готови стоки и услуги и на домашниот и на странскиот пазар. Растот во странство изнесува 2%, а на домашниот пазар - цели 9% во однос на 2012 година. Истовремено, во текот на изминатата 2013 година „Алкалоид“ реализираше 73 нови вработувања, покажува извештајот.  
Слично

Поврзани вести