УСПЕХ, ПАРИ, ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Кој хороскоп што го чека неделава?!
Овен Оваа недела работата ќе бара од вас огромно количество сила и затоа уште на почетокот мора да ги утврдите приоритетите и да процените точно со каков обем може да се справите. Окупирајте се со најважно, а другото оставете за друг пат. За да проверите веродостојноста на новите партнери не жалете време и сили. Само ако сте сигурни во овие нови луѓе ќе можете да започнете успешна заедничка активност. Новите контакти можат да ви бидат од голема корист, но во исто време избегнувајте непотребни состаноци, кои само би ви го изгубиле времето. Во првата половина од неделата гледајте да не се промените во очите на своите претпоставени. Во средината на неделата ќе може да сметате на поддршката на пријателите.
Бик Ќе ви биде тешко да се вклопите во работниот ритам на почетокот на оваа недела. Ова може да не остане незабележано од шефовите, па обидете се да се насочите кон креативниот дел од работата, за да не ви се познае колку сте расеани. Нема да е лошо да си водите белешки на задачите, за да не пропуштите нешто важно. Слушајте внимателно што ви се зборува и не се срамете да прашате повторно кога не ви е јасно. Со напредокот на деновите концентрација ќе се засилува и во средата веќе ќе се чувствувате посигурни. Во петокот не двоумете се да се соберете со пријателите со кои ќе ги споделите вашите чувства и ќе се чувствувате сакани и разбрани.
Близнаци Во оваа недела среќата ќе биде на ваша страна и дури ќе ви донесе пари. Тоа е потсетник повторно да изберете најсреќните броеви. Како некоја таинствена сила ќе ве води и покажува правилни чекори што малку ќе ве плаши и тера да се запрашате дали навистина заслужувате слична чест. Да, заслужувате - сега ќе сте среќници од Зодијакот! Покрај тоа, овие денови ќе ви дадат шанса да ресетирате некои повредени односи. Јавете им се на свои роднини и блиски. Организирајте семејно собирање во саботата.
