Економија, финансии, бизнис

Контакт

Успеа бојкотот во Србија

Успеа бојкотот во Србија
Бојкотот на српските хипермаркети заврши успешно благодарение на Фејсбук и Твитер, соопшто Здружението на потрошувачите во Србија. Бројот на активните учесници кои го поддржале бојкото изнесува 5.000. А според податоците на Здружението првиот ден од бојкотот 15.000 луѓе не отишле да пазаруваат во хипермаркетите. Вториот и третиот ден бројката се искачила на 25.000. И сето тоа благодарение на социјалните мержи. За бојкотот преку Фејсбук и Твитер секојдневно биле информирани околу 250.000 луѓе, а околу 30.000 од нив коментирале, сугерирале и поддржувале, соопшти Здружението. -Од овој бојкот произлегоа и неколку нови иницијативи, за воздржување од купување секоја среда или купување диреткно од производителите наместо од маркетите“, соопшти Здружението. Бојкотот беше организиран од понеделникот до средата во знак на револт заради зголемувањето на цените за 30% во сите хипермаркети.
Слично

Поврзани вести