Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСЛУГИТЕ СЕ ГЕНЕРАТОРИ НА ИНФЛАЦИЈАТА: Мицкоски го впери прстот кон транспортните услуги и рестораните

УСЛУГИТЕ СЕ ГЕНЕРАТОРИ НА ИНФЛАЦИЈАТА: Мицкоски го впери прстот кон транспортните услуги и рестораните

Најголемите генератори на инфацијата се услугите во целина, смета премиерот Христијан Мицкоски.

„Ако ги исклучиме храната процесуирана и останатиот дел производи кои се дел од тој синџит, како зеленчукот и така натаму, ќе видиме дека најголемите генератори на оваа инфрлација се транспортните услуги и генерално услугите во целина. Да речеме ресторанските услуги се зголемени за една година околу 24-25 отсто зголемени. Истото важи и за транспортните услуги. Кај овошјето имаме зголемување, кај јаболките, лимоните, бананите и така натаму. Одиме детал по детал додека да одлучиме што понатаму. Нашата пракса покажала дека ако само ја ограничиме маржата на одредени произвори, таа се прелева во следниот месец и на крајот се нивелира. Не сакаме да паднеме во таа замка. Ги следиме и земјите од регионот, каде секаде е зголемена инфлацијата и секаде е поради услугите“, рече Мицкоски.

Според премиерот, зголемените плати и пензиите прават притисок врз побарувачката, а оние кои ја нудат таа услуга ја качуваат цената додека консументите имаат пари да ја платат.

„Направивме анализа и дојдовме до следен заклучок, прво ја направивме оваа септемвриска кошничка во однос на училишниот прибор, бидејќи цените кои се репер се оние кои беа на 1 јуни и на тие цени имаме ограничување“, рече премиерот Мицкоски.

Слично

Поврзани вести