Економија, финансии, бизнис

Контакт

Условни казни за демонстрантите Аризанов и Наковски

Условни казни за демонстрантите Аризанов и Наковски

Демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски на денешното рочиште ја признаа вината за учество во толпа што ќе стори кривично дело, на протестите од 13 април пред канцеларијата на претседателот, Ѓорѓе Иванов.

Аризанов е осуден на шест месеци казна затвор ако во рок од две години не стори друго кривично дело, а Наковски е осуден на 12 месеци условно, доколку во рок од три години не стори друго кривично дело.

Двајцата изјавија дека се каат за стореното дело, објаснувајќи дека учествувале во протестите поради револт од аболицијата, но дека не кршеле.

За штетата која беше утврдена од правобранителството за демолирањето на канцеларијата, адвокатите сметаат дека кога ќе завршат сите процеси, таа ќе биде поделена солидарно.

Слично

Поврзани вести