Условна затворска казна доби демонстрантот Борјан Ефтимов
Условна затворска казна доби демонстрантот Борјан Ефтимов, кој учествуваше на протестите против аболицијата од шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Тој е осуден на три месеци затвор ако во наредната година направи друго кривично дело.
Ефтимов го признал делото и се спогодил со обвинителството. Судот донел одлука да му го прекине куќниот притвор на Ефтимов, кој му беше определен веднаш по поднесувањето на кривичната пријава.
Ова е прва пресуда за демонстрант кој учествувал во демолирањето на канцеларијата на Иванов во центарот на Скопје.
Слично
