УСЛОВИ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ: Од што зависи дали ќе Ви одобрат кредит?
Расте бројот на банкари кои сметаат дека кредитните услови за граѓаните делумно се олеснети. Клучни фактори при одборување на кредитите за население се приходите на клиентот, бонитетот на клиентот и хипотеката. Новата Анкета за кредтна активност, која ги сумира податоците за третиот економски квартал и очекувањата за банкарските трендови до крајот на годинава, покажува дека банките очекуваат зголемена побарувачка на кредити и од граѓаните и од компаниите, но дали условите ќе се олеснат?
Платата, жиранитите, хипотеката – клучни за кредит ..
При одборување на кредитите за граѓаните како “исклучително важни“ фактори предничат приходите на клиентот, бонитетот на клиентот и хипотеката. Така, 69% од банакрите изјавиле дека исклучително важен фактор се приходите на клентот, 61,1% рекле дека тоа е бонитетот на барателот на кредит а скоро 52% сметаат дека исклучително важен фактор е хипотеката.
Останати критериуми кои според банкарите се важни при одборување на кредити за населението се и капиталната моќ на гарантите, односно жирантите и капиталната моќ на клиентот.
Во однос на условите за кредитирање, се зголемил бројот на банкари кои изјавиле дека во изминатите три месеци условите останале непроменети додека пак се намалил бројот на банкари кои сметаат дека условите за кредитирање на населението делумно се олесниле. Зголемување има на бројот на банкари кои изјавиле дека во третото тромесечје имало делумно заострување на кредитните услови. Еве што изјавиле банкарите во однос на условите за кредитирање во третиот квартал од годинава:
Во основа непроменети 83,3%
Делумно олеснети 11,8%
Делумно се заострени 3,7%
Значително се олеснети 1,4%
Заострување има кај условите за потрошувачки кредити и во однос на вториот квартал од годинава, се намалил, речси преполовил бројот на банкари кои рекле дека условите за потрошувачки кредити се делумно олеснети.
Според најновата Анкета за кредитната активност, во последниот квартал од годинава, банкарите очекуваат зголемена побарувачка на корпоративни кредити. Имено, се поголем е бројот на банкари кои сметаат дека до крајот на 2015 година побарувачка за кредити од страна на малите и средните фирми, но и од поголемите компании ќе биде делумно зголемена.
Состојба кај компаниите
Дури 92% од банкарите изјавиле дека компаниите најчесто земаат кредит за ликвидност. Според 58,6% од банкарите оцениле дека корпоративните кредити се за основни средства а 37,7% велат дека парите се наменуваат за обртни средства додека. Овие проценти се обајснуваат на тој начин што одделни банки одговориле со повеќе од еден одговор а некои воопшто не одговориле на прашањата.
Во однос на условите за кредитирање на компаниите, се зголемил бројот на банкри кои сметаат дека условите во основа ќе останат непроменети, додека се намалил бројот на оние кои очекувата дека кредитните услови делумно ќе се олеснат.
Услови за кредитирање на фирмите:
Во основа ќе останат непроменети 73,4%
Делумно ќе се олеснат 24,6%
Значително ќе се олеснат 1,9%
Според податоците од Народната банка во Македонија вкупната кредитна изложеност на банките изнесува 4,3 милијарди евра, од нив 2 милијарди евра се долг на граѓаните. Салдото на нефункционалните кредити надмина 500 милиони евра.
М.Н.
Слично
