Условен отпуст за Вранишковски
По одлука на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денес на слобода треба да биде пуштен Јуван Вранишковски, откако претходно било утврдено дека исполнети се сите законски услови за примена на „условен отпуст“.
Вранишковски е правосилно осуден на единствена затворска казна од пет години и пет месеци.
Од Обвинителството посочуват дека за време на издржувањето на казната Вранишковски се однесувал примерно и го почитувал куќниот ред во затворот, при што ги извршувал и работните обврски.
Формално барање за ослободување на Вранишковски поднесе директорот на затворот Идризово, откако претходно негово помилување побара и Синодот на МПЦ-ОА заради, како што беше наведено, повисоки цели.
Одлуката на Синодот на МПЦ-ОА следуваше по средбата на поглаварот г.г. Стефан со претседателот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски г. Иларион.
Од осудениот со правосилна пресуда конфискувана е во корист на оштетената Македонска православна црква непосредната и посредната имотна корист која била прибавена со кривичното дело на осудениот. Kонфискувани му се вкупно 4.940.400 денари, а од друга страна во корист на оштетената Македонска православна црква конфискуван е и недвижен имот – земјиште во местото Голема нива во Нерези со површина од вкупно 4.859 м2.
Слично
