Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСЛОВЕН ОТПУСТ: Вранишковски пуштен од затвор

УСЛОВЕН ОТПУСТ: Вранишковски пуштен од затвор

Решение за условен отпуст за осудениот Јован Вранишковски донесе Апелациониот суд со кое жалбата на обвинителството се одбива како неоснована и не се уважува со што обвинетиот излегува на слобода.

Решението се преиначувасамо во делот каде е наведена датата за отпуст, односно со решението на второстепениот суд, осудениот се отпушта од издржување на казната затвор на ден 02.02.2015 година.

Преку соопштение ПОА (Православната Охридска Архиепископија) информираше дека после условниот отпуст што му го даде Апелациониот суд од Скопје е ослободен  Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

Во соопштението стои дека Владиката им се заблагодарува на сите што на било кој начин придонеле за неговото предвремено ослободување од затворот.

Тој најпрво му се  заблагодарува на директорот на затворот, кој од лично име го поднесе барањето за ослободување на Архиепископот од затвор, возвеличувајќи ги личните карактеристики на Архиепископот Јован (Вранишкоски), до степен на претераност, иако како што ѝ е добро познато на јавноста, само четириесетина дена претходно истиот тој јавно се изјасни дека нема намера да му го промени затворскиот третман на Архиепископот кон послободен затворски режим.

Упатува благодарност и до  Кривичниот совет од Основниот суд Скопје I и на Апелациониот суд од Скопје, до  политичкото раководство на Р. Македонија без чија „мудра и државничка одлука“, како што ја нарече претставникот на власта од Комисијата за односи со верските заедници, пуштањето на Архиепископот Јован на слобода би било невозможно како и благодарност упатува

Понатаму Архиепископот се заблагодарува на Кривичниот совет од Основниот суд Скопје I и на Апелациониот суд од Скопје, затоа што го донесоа решението за условен отпуст на Архиепископот Јован, иако токму во Основниот суд Скопје I, во текот на самото судење, на Записник од 19. 06. 2013 год., на стр. 25, во завршниот збор Архиепископот рече дека судскиот процес што се води против него и уште 18 други членови на Православната Охридска Архиепископија не е кривичен, туку „политички процес, но врз верска основа“. Неизоставна благодарност упатува и кон политичкото раководство на Р. Македонија без чија „мудра и државничка одлука“, како што ја нарече претставникот на власта од Комисијата за односи со верските заедници, пуштањето на Архиепископот Јован на слобода би било невозможно, благодарност посочува  и на МПЦ и нивниот Синод, кои се покажаа милостиви, какви што впрочем секогаш треба да бидат црковните пастири. Деновиве се очекува произнесување на обвинителството во врска со случајот на новинарот Томислав Кежаровски.
Слично

Поврзани вести