Услов за отворање на кафуле: Белградскиот „Старбакс“ ќе има натпис на кирилица
Заменик градоначалникот на Белград Горан Васиќ, најави дека сите правни и физички лица кои ќе закупат простор во сопственост на градот, ќе добијат попуст од 5 отсто доколку натписот им биде со кирилично писмо.
Според градоначалникот, ова е добар начин за промовирање на кирилицата, а воедно е и еден од условите кои ги поставиле на компанијата „Старбакс“, кои планираат наскоро да отворат кафуле во српската престолнина.
Инаку компанијата е основата во 1971 година во Сиетл и денес има над 28. 000 кафулиња низ целиот свет.
Слично
