Услишани молбите-Обезбедени додатоци за болното момче од церебрална парализа
Откако медиумите и интернет порталите меѓу кои и нашиот медиум ја објавија веста за молбите на мајката која директно упати писмо до премиерот Груевски, надлежните реагираа експресно.
Синот на семејството Доневски боледува од церебрална парализа а после долг период на молби и лутање низ институциските лавиринти надлежните имаа слух и овозможија ова семејство да го оствари законското право на додаток за нега за трето лице во висина од 4200денари месечно.
На молбите на мајката се одважи министерот Спасов кој самиот и го врачил на мајата решението.
Спасот информираше дека во тек е процедура за стекнување на парично право за мобилност од околу 7 000 денари месечно при што вкупниот износ кој Мартин Доневски ќе ги добива од двете права.
