Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УСЈЕ“ со добивка од 20,25 милиони евра за девет месеци

„УСЈЕ“ со добивка од 20,25 милиони евра за девет месеци
Само во периодот јули-септември добивката е 7,5 милиони евра односно просечно дневно профитот надминува 81.500 евра Скопската цементарница „Усје“ има добивка од 20,25 милиони евра односно 1,25 милијарди денари во првите девет месеци годинава, покажуваат официјалните неревидирани податоци од билансот на успех што компанијата го објави на Македонската берза за хартии од вредност. Во периодот јули-септември „Усје“ остварил добивка од 462,4 милиони денари односно 7,5 милиони евра што е резултат подобар за речиси 1 милион евра од просечната квартална добивка која изнесува 6,75 милиони евра. Секоја акција на „Усје“ заклучно со крајот на септември носи добивка од 2.215 денари. Тоа во однос на последната пазарна цена на таа акција е потенцијален принос од 10 отсто за девет месеци. Билансот покажува дека „Усје“ од јануари до септември има приходи од продажба во износ од 3,04 милијарди денари ( 49,35 милиони евра). Во последните три месеци (односно од јули до септември) приходите од продажба изнесуваат 1,08 милијарди денари односно 17,5 милиони евра. Овој квартал е особено успешен за „Усје“ заради тоа што во споредба со првите шест месеци приходите пораснале за 17,5 милиони евра од 31,85 милиони евра. Од приходите од продажба на „Усје“ 2,24 милијарди денари се реализирани на домашниот пазар, а 796 милиони денари се реализирани од извоз на нивните производи на странските пазар. Продажбата на домашниот пазар бележи раст од 7 отсто во споредба со истиот период лани, а извозот бележи раст од 1 отсто. Домашниот пазар во периодот јули-септември апсорбирал производи на „Усје“ во вредност од 805,3 милиони денари. Во истиот период извозот изнесува 272,95 милиони денари. УСЈЕ е успешна компанија која се занимава со производство на цемент и други градежни материјали. Доминантен сопственик на таа компанија подолго од 15 години е холандската компанија „Титан Цемент“ која е дел од групацијата „Титан“, со доминантен грчки сопственик, еден од најголемите производители на цемент во континенталниот дел на Европа. Како што веќе пишувавме пред еден месец акционерите на „Усје“ одлучија да доделат во дивиденда 37,5 милиони евра во бруто износ.
Слично

Поврзани вести