УСЈЕ македонски рекордер на сите времиња: исплати бруто дивиденда од 50 милиони евра!
УСЈЕ со оваа исплата го надмина и Македонски телеком кој го држеше приматот до лани кога за 2013 година исплати 2,72 милијарди денари
Скопската цементарница „Усје“ лани подели 50 милиони евра бруто дивиденда, покажуваат официјалните податоци од Извештајот за паричен тек што ги објави компанијата деновиве на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Лани „Усје“ со одлука на акционерите подели 3,082 милијарди денари во дивиденда односно ја исплати целата акумулирана добивка чувана неколку години наназад. Од тие 50 милиони евра за даноци се платени 9,5 милиони евра, најголемиот поединечен акционер „Титан Холандија“ дел од мултинационалната корпорација „Титан“ кој доби 38,4 милиони евра за своите 94,84 отсто од акциите со право на глас, а 2 милиони евра добиле околу 200 домашни физички лица – акционери кои заедно поседуваат 4,9 отсто од акциите во „УСЈЕ“.
Со оваа исплата „Усје“ е новиот рекорден во историјата на акционерството во Македонија. Досега рекордот го држеше „Македонски телеком“ кој лани исплати 2,72 милијарди денари (над 44 милиони евра) што може да се провери и на следниот линк http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=33438
Според информациите на „Фактор.мк“, кои се неофицијални, најголемиот акционер најверојатно добивката ја вложил во исплата на корпоративни обврзници кои доспеваа или
наскоро доспеваат, а беа наменети за делонвните операции во кои „Титан“ превземаше цементарски компании во Европа.
Освен ова, во билансите на „Усје“ е објавено дека за лани компанијата има нето добивка од 1,458 милијарди денари односно 23,66 милиони евра. Добивката е безмалку идентична со профитот што „Усје“ го оствари и во 2013 година. Цементарницата лани остварила приходи од продажба во износ од 3,995 милијарди денари и тие пораснале за 2 отсто во однос на 2013 година. Домашниот пазар апсорбилал нивни производи во износ од 2,964 милијарди денари и тука растот е 2 отсто во однос на 2013 година. Во странство продажбата е 1,03 милијарди денари и бележи пад од 7 отсто во однос на 2013 година.
Многу значајно за истакнување кај „Усје“ е тоа што компанијата нема никакви кредитни обврски, а од камати лани имала прилив од камати во износ од 47,5 милиони денари.
Слично
