Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште три дена е рокот за доставување на годишни сметки

Уште три дена е рокот за доставување на годишни сметки

Годишните сметки и годинава се поднесуваат по избор, во хартиена или во електронска форма, освен средните и големите компании кои се должни годишните сметки и финансиските извештаи да ги достават во електронска форма.

Рокот за доставување на годишната сметка е до крајот на месец февруари, односно до 15 март за годишните сметки доставени во електронска форма.

Во Даночниот биланс за оданочување на добивка за 2014 година не се внесуваат износи на АОП 31 – Износ на вратен дел од заем за кои во претходните даночни периоди било извршено зголемување на даночната основа, на АОП 33 – Дел од загуба намалена за непризнаени расходи, пренесена од претходни години и на АОП 34 – Износ на извршени вложувања од добивката (реинвестирана).

Електронскиот систем на поднесување годишни сметки е пуштен во употреба минатата година. Системот е надграден заради новиот Закон за трговски друштва кои стапија во сила од 1 јануари годинава.

Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец "ДБ") и Даночниот биланс на вкупен приход (образец "ДБ-ВП") се поднесуваат најдоцна до 28 февруари, односно рокот за поднесување е најдоцна до 15 март за даночните обврзници кои Годишната сметка до Централниот регистар ќе ја поднесат (доброволно или задолжително) во електронска форма. Месечните и тримесечните ДДВ обврзници, даночните биланси имаат обврска да ги достават по електронски пат преку е-Даноци.

Слично

Поврзани вести