Уште три дена до викендот без ДДВ: Пратениците уште не изгласаа
Денеска се најавени седници на три собраниски комисии, а на комисијата за финансирање и буџет треба да се дискутира за Предлог -законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка. Овие измени вчера беа на дневен ред и на пленарната седница, но за да се расправаат таму мора да поминат на комисија. За овие измени има исклучително кратко време, затоа што се однесуваат на Викендот без ДДВ кој ќе биде викендот што следува односно на 10, 11, и 11 октомври.
Како што пишувавме според предлогот, државата треба да ви го врати целиот Данок на додадена вредност што сте го платиле за време на продолжениот „Викенд без ДДВ“ и тоа во рок од 15 дена од скенирањето на сметките. Од друга страна сите сметки кои ќе се соберат во тие три дена треба да се скенираат само најкасно три дена по издавањето на сметката.
Инаку граѓаните имаат право на поврат на целиот ДДВ само до потрошени 30.000 по поединец. Треба да купат македонски производи и услуги односно само за тие се враќа целиот ДДВ, или компјутерска опрема. За останатите производи остануваат истите правила како до сега. Ако во тие три дена потрошите над 30.000 денари, данокот за се што е над таа сума ќе ви биде вратен како досега, по истекот на тримесечјето.
„Доколку е надминат износот на вкупен промет од 30 000 денари за фискланите сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври враќањето на преостанатиот износ на данок содржан во преостанатиот вкупен промет ќе се врши согласно член 3 став (5) од законот односно на тој промет би се вратил само дел од данокот на додадена вредност. Фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври за кои се дава можност да се врати целиот износ на данок на додадена вредност треба да бидат пријавени преку апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи најдоцна 3 дена од датумот на издавање, а додека пак износот ќе му се исплати на физичките лица најдоцна 15 дена од датумот на пријавување на фискалната сметка, стои во измените.
