Уште што треба да се реши до изборите во април?
Четирите политички партии вчера едвај постигнаа компромис околу спорните прашања од договорот од Пржино.
Политичките лидери се договорија за законот за Влада и законот за „бомбите" и свиркачите. Со овој договор почнува да отчукува часовникот до изборите, закажани на 24 април 2016 година.
До тогаш остануваат да се решат уште некои работи.
Во понеделни, новите министри и заменици-министри од СДСМ фицијално ќе бидат избрани за членови на Владата.
Потоа, во јануари актуелната Влада ќе треба да си даде оставка од Собранието, а Никола Груевски да си замине од премиерската функција.
На 15 јануари 2016 година ќе треба новата Влада да биде инаугурирана, 100 дена пред парламентарните избори.
Два месеци пред изборите Собранието ќе се распушти.
Во март месец, Државната изборна комисија ќе треба да направи јавен увид на избирачкиот список и најдоцна 30 дена пред изборите треба да ги објави описите на изборните единици.
Изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите и мора да заврши 24 часа пред денот на изборите.
