Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште само неколку часа: И Пендаровски ја поднесе кандидатурата за претседател

Уште само неколку часа: И Пендаровски ја поднесе кандидатурата за претседател
Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски е последниот кој ја поднесе кандидатурата за претстојните претседателски избори до Државната изборна комисија. Претходно тоа го направија и Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, Илијаз Халими од ДПА и Зоран Поповски од ГРОМ. Тие ја поткрепија кандидатурата со најмалку 10.000 потписи, додека Пендаровски го кандидираа 20 пратеници. Рокот за поднесување на кандидатурите до ДИК истекува на полноќ, а најдоцна за 48 часа тие треба да ги верификуваат. Најголемиот дел од кандидатите веќе го искористија овој период до верификација на кандидатурите за да ја почнат изборната промоција. Интервјуа, настани, средби со граѓани се дел од нивната секојдневна агенда иако до формалната потврда од ДИК тие уште не се во претседателска трка. Сепак законот не го санкционира овој период. Откако кандидатурите ќе им бидат потврдени од највисокиот изборен орган, кандидатите ќе мора да престанат со сите изборни активности додека официјално не започне кампањата на 24 март. За учесниците во кампањата кои нема да ги почитуваат роковите за изборна кампања е предвидена глоба од три до пет илјади евра.  
Слично

Поврзани вести