УШТЕ САМО 24 ЧАСА: Проблеми за фирмите пред истек на рокот за пријава на данок
Само уште еден ден имаат компаниите во УЈП да ги поднесат годишните даночни пријави за персонален данок.Пред крајниот рок дополнителна нервоза создадоа проблеми во електронскиот систем за пријава.
Како резултат на ова, само 36.000 компании досега ја исполниле законската обврска. Од УЈП велат дека проблемот со системот веќе е надминат, а на компаниите им било овозможено пријавувањето да го извршат и преку електронската пошта за да ги избегнат долгите редици на шалтерите.
Нема најави дека е можно да има продолжување на рокот за пријава.
Од почетокот на јануари течат роковите и за граѓаните, кои исто така имаат обврска да ги пријават дополнителните приходи за оданочување. Рокот е до 15-ти март, но даночните власти апелираат да не се чека до последен момент.
Слично
